Nuri Aydın
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ПЕКИНГ (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина не е регистриран ниту еден случај на новиот тип коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Кинеската национална здравствена комисија соопштија дека во изминатите 24 часа нема смртни случаи предизвикани од коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека во истиот период се излекувани 43 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19, и дека трае лекувањето на 557 заразени лица.
Во Кина досега Ковид-19 е потврден кај 82.875 лица, од кои 77.684 успешно се излекуваа, додека од последиците на коронавирусот починаа вкупно 4.633 лица.