свет

Во израелски напад на Либан загинаа седум лица

Израелски воени авиони извеле воздушен напад врз Центарот на либанската асоцијација за итна помош поврзана со Џемаат ал Ислами во градот Ал-Хабарија на југот на земјата

İdiris Okuduci  | 27.03.2024 - Обновена : 28.03.2024
Во израелски напад на Либан загинаа седум лица

БЕЈРУТ (АА) - Седум лица загинаа, а четворица се повредени во воздушен напад на израелската војска во јужен Либан, пренесува Анадолу.

Според веста на државната палестинска новинска агенција ВАФА, извори од Организацијата за цивилна одбрана во Либан соопштија дека израелските воени авиони извеле воздушен напад врз Центарот на либанската асоцијација за итна помош поврзана со Џемаат ал Ислами во градот Ал-Хабарија на југот на земјата.

Според државната либанска агенција ННА, во нападот загинале седум лица од тимот за итна помош, а четири се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın