свет

Во израелски воздушен напад се убиени 3 Палестинци во центарот на Газа

- Медицински извор за Анадолу изјави дека цел на израелскиот воздушен напад бил собир на луѓе во близина на училиштето Ал Арбан во бегалскиот камп Нусејрат. Во нападот се убиени три лица, а едно е повредено.

Ahmed Asmar  | 24.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Во израелски воздушен напад се убиени 3 Палестинци во центарот на Газа

ГАЗА, Палестина (АА) - Најмалку тројца Палестинци се убиени, а еден е повреден во израелски воздушен напад во центарот на Газа синоќа, јавува Анадолу.

Медицински извор за Анадолу изјави дека цел на израелскиот воздушен напад бил собир на луѓе во близина на училиштето Ал Арбан во бегалскиот камп Нусејрат. Во нападот се убиени три лица, а едно е повредено. Жртвите биле префрлени во болницата Ал-Авда во кампот.

Израелските воени авиони извршија и серија интензивни бомбардирања на северозападните области на кампот, објави официјалната палестинска новинска агенција Вафа.

Во текот на ноќта беа пријавени воздушни напади и артилериско гранатирање низ Појасот Газа со неколку жртви, се додава во соопштението.


- Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади на Газа се убиени повеќе од 34.180 Палестинци, главно жени и деца, а над 77.000 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.