Halit Süleyman
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 21 цивил загина, а над 50 се повредени во низа воздушни напади на руските и сириските сили чија денешна мета е центарот на градот Идлиб, кој е под контрола на сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадникот на цивилната заштита во Идлиб, Лејс ал-Фарис, за АА рече дека авионите на сириската војска извеле напад на пазар во кој загинале најмалку 18, а ранети се над 50 лица. Истиот извор јавува дека сите настрадани се цивили и дека меѓу нив има поголем број жени и деца.
„Силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад извршија нов масакр во рамазан. Местото на нападот изгледа страотно, како глетка во пеколот. Активистите ги собираат телата на настраданите и им помагаат на ранетите”, рече Фарис.
Паралелно, руските авиони денес изведоа напад и на населеното место Марет ен-Нуман, исто така во Идлиб.
Според првичните информации, во нападот загинале најмалку три а ранети се повеќе лица.