Canberk Yüksel
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ОРЛАНДО (АА) - Полицијата во Орландо на Флорида изјави дека во престрелка во клубот Пулс загинаа најмалку 50 лица, додека напаѓачот е застрелан и идентификуван како 29-годишниот американски државјанин Омар Матин, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите на Орландо тврдат дека делото го истражуваат како „акт на тероризам” и дека бројот на повредени расте.
Напаѓачот, кој пукаше во клубот а потоа зел заложници е застрелан при размената на оган со полицијата. Кај него се пронајдени пушка, пиштол и „сомнителен уред” за кој очевидците тврдеа дека е бомба.
Началникот на полицијата во Орландо, Џон Мина, рече дека во клубот имало околу 300 луѓе. Тој на конференцијата за новинарите прогласи вонредна состојба во градот и повика сите кои го посетиле клубот во саботата вечер да дојдат и да дадат свој исказ во полиција.