Halit Süleyman
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
АЛЕПО (AA) - Најмалку осум лица се убиени, а 15 се ранети во артилериски напад кој го изведе сириската војска со разорни „слон проектили" во дистриктот Сукери во регионот на Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Функционерите на Цивилната заштита во Алепо јавуваат дека сите страдани биле цивили, а дека меѓу нив се неколку жени и деца. Спасувачките екипи и понатаму ги пребаруваат девастираните згради под кои се стравува дека има заробени луѓе.
Дисктриктот Сукери е под контрола на сириската опозиција, а неговите населби во последните денови се мета на жестоки артилериски и воздушни напади на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Девастираниот град веќе неколку месеци е без струја и вода.
Сириската војска во нападите во регионот на Алепо од почетокот на војната користи разорни проектили SCUD и барел-бомби, а во последните неколку седмици користат и проектили наречени „слон" кои се со значително поразорно дејство.