Gökhan Kavak
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Меѓународната кризна група (ICG) соопшти дека во Зимбабве, земја која се наоѓа во економска и политичка криза секоја година се шверцува злато во вредност од 1,5 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот под наслов „Се што сјае не е злато: Превирања во рударската индустрија во Зимбабве“ објавена од Меѓународната кризна група (ICG) се наведува дека напорите на безбедносните сили не се доволни спречување на шверцот на злато.
„Се проценува дека годишно во Зимбабве се шверцува злато во вредност од 1,5 милијарди долари“, се нагласува во извештајот.
Исто така се наведува дека златото кое се шверцува најмногу се носи во Дубаи и дека владата треба да направи реформи во рударството и да го охрабри секторот работата да ја реализира по легален пат.
Меѓу другото се додава дека во рудниците безбедносните мерки не се доволни и дека вооружените напади го зголемуваат шверцот.
„Владата треба да обезбеди соодветна поддршка за занаетчиите кои работат со злато, а производителите треба да бидат платени според светски стандарди“, се вели извештајот на Меѓународната кризна група.
- Во земјата има повеќе од 40 минерали
Зимбабве има најпродуктивни рудници на злато во светот.
Владата со чекорите што ги преземе има за цел до 2023 година да оствари 4 милијарди долари приход од злато.
Во земјата нелегално се обработуваат голем број минерали, поради недостаток на безбедносни мерки во рудниците често се случуваат рушевини.
Санкциите на САД и Европската унија против Зимбабве негативно влијаат на економијата на земјата.
Во овој процес, секторите како што се земјоделството и рударството се оштетени. Валутата на земјата ја губи својата вредност и предизвикува хиперинфлација.