Ivana Ramadanova
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи во Македонија сооптши дека во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Гевгелија, била поднесена кривична пријава против 18-годишник од Оризари, Кочани и 23-годишник од село Јакимово-Виница поради шверц со мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имено, вчера околу 05.00 часот на регионалниот пат Стар Дојран - Гевгелија, во правец на Богданци кај браната „Паљурци“ од страна на патролен тим на АРМ, при контрола на автомобил марка „Форд Фокус“ со винички регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Кочанец, биле пронајдени 11 лица - мигранти од Сирија, Авганистан и Пакистан, додека пак 23-годишниот Виничанец се движел со автомобил марка „Мерцедес“ исто така со винички регистарски ознаки во својство на придружувач", се вели во соопштението на МВР.
Лицата се приведени и со кривична пријава се предадени на Општото јавно обвинителство, при што од страна на судија за претходна постапка од Основниот Суд Скопје 1 им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.