Hüseyin Bağış
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Припадниците на Одделот на истанбулската полиција за борба против криумчарење, за време на утринската акција запленија нож во вредност од десет милиони кој претходно беше украден од Палатата на поранешниот либиски претседател Муамер Гадафи, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на разузнавачки податоци дека криумчарите во Истанбул требале да извршат продажба на вредните предмети кои се украдени во странство и прокриумчарени во Турција, припадниците на истанбулската полиција утрово извршија претрес на еден објект во местото Есенјурт.
Во таа пригода од слобода лишени се три осомничени лица и тоа бизнисменот А.А и неговите двајца најблиски соработници М.Ј и Б.А.
Полицијата во тој објект пронајде и заплени специјално изработен куферче во кој бил ножот од слонова коска украсен со сафири, дијаманти, смарагди, рубини и злато.
Вредниот нож (ханџар) е украден од Палатата на Гадафи за време на револуцијата во Либија, а во Истанбул имал намера да го купи еден саудиски бизнисмен.
Полициските официјални лица соопштија дека осомничениот пред три месеци го купил ножот за 4,6 милиони долари и дека во Истанбул требало да го продаде на купец од Саудиска Арабија за 10 милиони долари.
Приведените по давање на исказот се пуштени да се бранат со слобода во покренатата судска постапка.
Паралелено со тоа, припадниците на истиот тим на истанбулската полиција денес извршија уште една акција во која е запленета голема количина монети од периодот на Византија и Османслиското царство.
Врз основа на разузнавачки податоци за криумчарење од Турција, полицијата изврши претрес на еден објект во местото Арнавуткој и притоа заплени 200 златни и бронзени монети кои биле скриени во лаптоп компјутерите, поточно во просторот за батерија.