Admir Fazlagikj
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Вчера околу 9 часот на улицата „Ибраим Колари" во Дебар, поради компјтуерска игра настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче - браќа по мајка. Во расправијата помладиот брат го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Споеред соопштението на Министерството за внатрешни работи на Македонија (МВР), вчера во Дебар, во домот сопственост на Б.А. во дневната соба настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче–браќа по мајка, поради игра на компјутер.
„Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка. Во 13 часот една соседка го однела повредениот во Клинички центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош, во 14:30 часот со возило на Итна медицинска помош бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување", пишува во соопштението на МВР.
Од таму известуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.