Hasan Esen
26 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази уверување дека преостанатите седум членки на Алијансата наскоро ќе го одобрат полноправното членство на Црна Гора, вклучувајќи ги и САД, јавува Anadolu Agency (AA).
На покана на раководството на НАТО, премиерот на Црна Гора, Марковиќ ја посети главната база на Северноатланскиот сојуз во Брисел и во таа пригода се состана со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
По средбата, Марковиќ рече дека не е загрижен за американското одобрување на членството на Црна Гора во НАТО по доаѓањето на Трамповата администрација на власт.
„Бура околу парафирањето креваат оние што се против членството, но ние сме убедени дека тоа ќе се случи наскоро“, рече Марковиќ.
И генералниот секретар на НАТО, Столтенберг изрази уверување дека американскиот Сенат ќе го одобри членството на Црна Гора во НАТО, додавајќи дека тоа веќе го направи Комисијата за надворешни работи на Сенатот со поддршка на двете американски партии.
„Досега 21 земја-членка го одобрија членство на Црна Гора во НАТО, а денес ќе го стори тоа и Сенатот на Франција. Очекуваме тоа да го сторат и другите членки, но се разбира дека парламентите на овие земји ќе одлучат кога да ќе го направат тоа“, рече Столтенберг.
И покрај противењето на Русија, НАТО во декември 2015 година упати повик за влез на Црна Гора во Унијата, со образложение дека тоа ќе биде придонес кон стабилноста и мирот на Балканот. Црна Гора ја прифати поканата и сега присуствува на состаноците како набљудувач, а полноправно членство ќе добие само кога тоа ќе одобрат сите 28 земји-членки на НАТО.