Ekipa
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данските железници соопштија дека шест лица загинале утринава во железничката несреќа на мостот кој ги поврзува централните острови Шеланд и Фин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Дански железници за ТВ2 рекоа дека жртвите се луѓе кои со патничкиот воз патувале од Оденсе за Копенхаген. Од полицијата не потврдија колку загинати или повредени има во несреќата што се случи денес околу осум часот наутро. Единствено нагласија дека има неколку загинати.
Данските медиуми известуваат дека церадата од товарниот воз го погодила патничкиот воз кој се движел од спротивниот правец, поради што излетал од шините.
Железничкиот мост „Сторебелт“ е дел од мрежата мостови и тунели кои ги поврзуваат данските острови.