Kemal Karadağ
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Американската делегација што ќе допатува во Турција ќе се состане со претставниците на турските министерства за правда, надворешни работи и внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, американската делегација во која ќе бидат присутни и претставниците на ФБИ, ќе допатува во Турција, каде што утре ќе реализира средби со претставниците на турските министерства за правда, надворешни работи и внатрешни работи.
На средбите ќе се разговара за истрагите против терористичката организација ФЕТО, како и за истрагите што се водат против ФЕТО во САД. Се очекува американската делегација да ги информира турските власти околу ова прашање.
Средбите на американската делегација ќе траат до 4 јануари оваа година.
Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, минатата недела соопшти дека американските претставници ќе допатуваат во Турција.