Tufan Aktaş
19 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
АДИС АБЕБА (АА) - Во провинцијата Оромија во Етиопија извршен е вооружен напад во кој се убиени пет лица, од кои двајца се странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Бирото за комуникации на Оромија соопшти дека во подрачјето на Западна Волега, вооружени лица во утринските часови убиле пет лица.
Меѓу убиените, две лица се странски државјани, но во соопштението не се наведува државјанството на тие лица.
Засега не е позната причината за нападот во местото Волега во кое е позиционирана вооружената опозициска група Ослободителен фронт Оромо (OLF).