Yusuf Hatip
19 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел, поради дојава за бомба, евакуиран е објект во делот на градот каде што се наоѓаат институциите на Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Зградата на Агенцијата која дава консултантски услуги на Европската комисија е евакуирана поради дојава за бомба. Новинарот на АА дознава дека од објектот се евакуирани околу 40 лица.
Полицијата презеде соодветни безбедносни мерки, а на терен се упатени медицински екипи и тимови за контрадиверзантска заштита.