Ekip
07 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
АТИНА
Во Грција, поради зголемен број на заразени со коронавирусот (Ковид-19), по втор пат е прогласена блокада ширум земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На фотографиите кои ги забележа фоторепортерот на АА можат да се видат пустите улици и затворени продавници.
Тишина владее и во познатиот атински плоштад Монастираки, каде се присутни само вработени на градската управа кои ја дезинфицираат површината на плоштадот.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред два дена најави триседмична блокада во целата држава почнувајќи од денес. Рече дека порастот на заразувањето со Ковид-19 мора да заврши пред здравствениот систем да дојде под неподнослив притисок.
Претходно е наведено дека жителите ќе можат да ги напуштат своите домови само поради одредени причини како што се работа, медицински прегледи или вежбање и откако за тоа ќе ги известат властите.
Во Грција во средата се регистрирани 2.546 новозаразени со Ковид-19, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата. Досега се регистрирани повеќе од 50.000 позитивни на Ковид-19. Од последиците на овој вирус починале 715 лица.