Hakan Çopur
07 Ноември 2020•Ажурирај: 08 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Кандидатот на демократите за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден, победи во сојузната држава Пенсилванија, освојувјќи со тоа 270 гласови од електорите, колку што му беше потребно за влез во Белата куќа како 46. претседател на САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На патот до победата над републиканскиот кандидат и претседател на САД, Доналд Трамп, Бајден исто така победи во сојузните држави Аризона, Висконсин и Мичиген, каде Трамп победи во 2016 година.
Седумдесетгодишниот Бајден е роден во Скрантон, во Пенсилванија и поттекнува од работничката класа.
Бајден до победата дојде три дена по оджаните претседателски избори во САД, на кои излезе, како што тврдат упатените, рекорден број глсачи, а голем број гласови пристигнаа преку пошта, што го успори процесот на броењето.
Губејќи на овие избори, Трамп стана првиот претседател кој не е реизбран уште од републиканецот Џорџ Х.В. Буш во 1992 година.