Muhammet Kurşun
07 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 37.832, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 423 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 37.832.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 9.450 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 673.250.
Според Лари, 5.506 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 515.153 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 5.185.361 тестирање за Ковид-19.