Sinan Doğan
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
БОГОТА (АА) - Најмалку 4.078 луѓе се убиени во централноамериканската држава Гватемала минатата година, покажуваат податоците на Националниот институт за форензички науки на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот во писменото соопштение наведува дека поголемиот дел од жртвите се директно поврзани со огнено оружје и дека бројката на убиени во 2020 година била 3.500.
Бројот на жени жртви е зголемен за 28,5 проценти во споредба со претходната година откако бројката порасна од 507 на 652 убиени жени.
И покрај строгите и застрашувачки закони усвоени од земјите во Централна Америка во изминатите години, убиствата и насилните инциденти постојано се зголемуваат.