Betül Yürük
27 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во сојузната американска држава Пенсилванија, во градот Питсбург, извршен е вооружен напад врз синагога во кој животот го загубија 11 лица, а 6-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за јавна безбедност на Питсбург соопшти дека во нападот извршен врз синагога во истоимениот град, животот го загубиле 11 лица, додека четворица од 6-мина повредени се полицајци.
Официјалните претставници соопштија дека го привеле вооружениот напаѓач.
Станува збор за американскиот државјанин Роберт Боверс, кој по приведувањето е однесен во болница.
Во вестите објавени во американските медиуми се вели дека напаѓачот немал криминално досие, тврдејќи дека за време на нападот извикувал „Сите евреи треба да умрат“.
Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди нападот, и за напаѓачот побара смртна казна.
Во своето обраќање во Индијанополис, за нападот изјави „пеколна, неверојатна омраза кон евреите, која тешко може да се разбере“.
За време на говорот на Трамп пред земјоделците во врска со претстојните избори во САД, закажани за 6 ноември, Трамп на бината повика еден свештеник и рабин, со барање да се помолат за загинатите.
По нападот, пред синагогите во Њујорк се распоредени безбедносни сили.
Секоја година во САД, голем број лица ги губат своите животи во вооружени напади. Тоа е причина за чести дискусии околу прашањето за индивидуалното вооружување и законот за оружје во САД.