Nilay Kar
27 Октомври 2018•Ажурирај: 28 Октомври 2018
ГАЗИАНТЕП (АА) - Турската Црвена полумесечина (Kizilay) продолжува дневно да испраќа десетици камиони со помош, за лицата во северна Сирија на кои им е потребна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Над повеќе од 4 милиони Сиријци во северниот дел на земјата, од кои над 1 милион од нив живеат во кампови, сѐ уште имаат потреба од помош“, изјави Алпер Куџук, генералниот заменик-директор на групата во југоисточната турска област Газиантеп, во близина на границата со Сирија.
„Турската Црвена полумесечина сѐ уште им помага на Сиријците, со тоа што дневно испраќа 25 камиони со помош. Помошта најмногу вклучува храна и средства за лична нега.“
„Турција е единствената надеж за Сиријците кои живеат во северниот дел на земјата“, изјави Куџук.
„Поминаа речиси осум години од кога започна војната во Сирија, а Турците сѐ уште испраќаат големи донации за сирискиот народ“, додаде тој.
Официјалниот претставник на Црвената полумесечина, исто така нагласи дека во регионот е потребна помош за инфраструктурата, електричната енергија и за училиштата.
„Работиме заедно со другите државни тела во оваа област“, рече тој.
„Она што ние го сакаме е да владее мир во целиот регион, луѓето да живеат во мир, и оние кои сакаат, да се вратат во нивната земја“, додаде Куџук.
Сирија е средиште на граѓанска војна која започна во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги разби продемократските протести со неочекувана свирепост.
Турција е домаќин на над 3,5 милиони бегалци од сириската војна, повеќе од која било земја во светот.