Ekipa
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
РИЈАД (АА) - Активистите споделија видео записи на кои може да се видат и слушнат пукотници околу Кралската палата во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи се појавија видео снимки од пукотници во близина на Кралската палата, но станува збор за снимки чија вериодостојност сè уште не е потврдена.
Во соопштението од полицијата на Ријад се наведува дека во квартот Ал Хузам, во главниот град Ријад, забележано е мало беспилотно летало.
Потврдено е дека била извршена интервенција врз дронот, кој летал без дозвола. Исто така, наведено де ека во врска со случајот ќе биде покрената истрага.