Cansu Dikme
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
АНКАРА (АА) - Тимот на Организацијатa за забрана на хемиското оружје (OPCW) вчера го посети подрачјето на Дума во Сирија за да го истражи нападот со хемиско оружје извршен од страна на режимот на Башар ал-Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од Организацијата се вели дека тимот кој е на мисија за пронаоѓање докази посетил едно од местата каде што бил извршен нападот во Дума, за да соберат примероци за анализа поврзани со обвиненијата за нападот со хемиско оружје кој беше извршен на 7 април 2018 година.
Собраните примероци ќе бидат анализирани во лабораториите на Организацијатa за забрана на хемиското оружје (OPCW), по кое ќе следува извештај базиран на резултатите и другите информации и материјали собрани од тимот.
Истите ќе бидат доставени до земјите-членки на Конвенцијата за хемиско оружје за нивно разгледување.
Од организацијата се истакнува дека не се исклучува и втора посета на тимот на Дума.