Ekipa
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ЊУЈОРК
„Едно лице загина, а 11 се ранети во пукотница што се случи во саботата вечер во Бруклин“, соопшти полицијата на Њујорк, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата соопшти дека пукотницата се случила во еден парк во населбата Браунсвил.
„Едно лице им подлегна на раните, а засега не е позната здравствената состојба на 11-темина ранети во пукотницата“, наведоа од полицијата.
Противпожарната служба информираше дека 6 лица од хоспитализираните се во критична состојба.
Полицијата не даде детали за инцидентот, ниту објави повеќе информации за напаѓачот.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, на Твитер објави порака во која го изразува своето жалење поради настанот, ветувајќи дека ќе стори сè што е во негова моќ да обезбеди сигурност за заедницата.