Fuat Kabakcı
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ПЕКИНГ
Во свлечиштето до кое дојде поради интензивните врнежи од дожд во кинеската провинција Гуејџоу, бројот на загинати се искачи на 36, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската државна телевизија (CCTV) објави дека во село сместено во подрачјето на градот Шуи-чинг, во кинеската провинција Гуејџоу, бројот на загинати во свлечиштето, до кое дојде во вторникот вечерта, се искачил на 36 лица, а сè уште нема никакви информации за 15-те исчезнати лица.
Во подрачјето во кое се спроведуваат спасувачките операции, од свлечиштето се урнати 21 од 23 куќи.
По свлечиштето спроведени се истражувања според кои е дојдено до податоците дека во 23-те куќи живееле 77 лица, а 8 лица се наоѓале во подрачјето како гости.
Според добиените податоци, за време на свлечиштето од вкупно 85 лица, 23 се наоѓале надвор од местото на несреќата. Од друга страна, во болниците продолжува лекувањето на 11 повредени извлечени од свлечиштето.
Јуни и јули во Кина се именуваат како месеци на поплави. Во овој период од годината, интензивните врнежи од дожд, особено во јужните делови на Кина можат да предизвикаат природни непогоди, како што се поплави и свлечишта.