Ekipa
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
РИМ
Двајца американски средношколци се приведени во Рим под обвинение дека убиле италијански полицаец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Средношколците од Калифорнија минаа долга ноќ во притвор откако беа испрашани за нивната улога во убиството на полицаецот.
Марио Черчело Рeга (35), припадник на италијанските карабинери, во раните утрински часови во петокот е убиен со нож во центарот на Рим.
Еден од тинејџерите, наводно, го убил полицаецот. Како што се соопштува, Рeга е 8 пати избоден со нож и оставен да крвави во близина на хотелот во кој престојувале учениците.
Осомничените се идентификувани како Гебриел Кристијан Нејтл-Хјорт (18) и Финеган Ли Елдер (19) родени во Сан Франциско.
Елдер призна дека го ранил полицаецот со нож, додека Нејтл-Хјорт го удирал неговиот колега.
Според италијанскиот закон, личностите што учествуваат во убиство, а всушност не го извршиле самиот чин на убиство, се соочуваат со можност да бидат обвинети за тоа кривично дело.
Истовремено двајцата момци се осомничени за обид за изнуда.
Италијанската државна полиција му оддаде почит на починатиот полицаец со пуштање на автомобилска сирена пред Канцеларијата на карабинерите во Рим.
Истрагата е во тек, а во меѓувреме е контактирана и Американската амбасада во Рим.