Mazin Majeed Asaad Baqal
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ЕРБИЛ
Полицијата на Курдската самоуправа на северот од Ирак идентификуваше уште една личност за која се верува дека е поврзана со нападот во Ербил, во кој загина дипломат од Конзулатот на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата објави соопштение во кое се наведуа дека станува збор за Сијако Баки Абдулкерим, а поделена е и негова фотографија.
Во соопштението се вели дека полицијата трага по осомничениот, повикувајќи ги сите оние кои имаат информации за него, да ги информираат надлежните органи.
Претходно полицијата соопшти дека се фатени 6 лица, вклучувајќи го и главниот осомничен Мазлум Даг, додавајќи дека нападот е изведен по наредба на терористичката организација ПКК.
Во вооружениот напад извршен во ресторан во Ербил на 17 јули загинаа дипломат од Конзулатот на Република Турција и двајца ирачки државјани.