Çağrı Koşak
28 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ГАЗА
Во Газа денес беше отворена изложба на модерна уметност, низ која палестинските уметници сакаа да ја претстават болката и страдањата предизвикани од израелската окупација, јавува Anadolu Agency (AA).

На изложбата во Ес Шалејхат се претставени дела на 64 палестински уметници.
Баха Ебу Даја, еден од организаторите, за АА истакна дека изложбата е плод на проектот кој траел подолго од една година, и дека целта е да се претстави болката нанесена со израелската окупација.
Изложбата ќе биде отворена четири дена, а ќе се состои од 160 уметнички дела.
