Emel Öz Gözellik
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ЈАНГУН
Во северниот дел на Мјанмар, во сојузната држава Качин, во еден рудник за жад настана свлечиште во кое животот го загубија 14 работници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во весникот „Бангкок пост“ („Bangkok Post“) објавена е вест во која властите информираат дека во рудникот за жад, што се наоѓа во местото Хпакант, во сојузната држава Качин, бројот на загинати од свлечиштето се искачил на 14 лица, меѓу кои има рудари и еден припадник на обезбедувањето.
Во соопштението се вели дека по настанувањето на свлечиштето, исчезнале 4 лица, додавајќи дека во тек се активности на спасувачките екипи.
Во периодот на интензивни врнежи од дожд на подрачјето на Хпакант често доаѓа до лизгање на земјиштето.
Во истото подрачје изминатиот април настана свлечиште во еден рудник при што животот го загубија 54 лица.