Ekipa
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
МЕКСИКО
Тропската бура „Ерих“ е формирана кај западниот брег на Мексико и се очекува до понеделник вечерта да прерасне во ураган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за урагани соопшти дека бурата е формирана 2.165 километри југозападно од мексиканскиот полуостров Долна Калифорнија, и околу 3.145 километри југоисточно од Хил, на Хаваите.
Центарот предупредува дека се забележани ветрови со јачина од 40 километри на час и дека бурата во текот на следната недела би можела да стигне до Хавајските Острови.
Се очекува дека ураганот би можел постепено да зајакне при движењето кон запад.