Hamdi Yıldız
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ТРИПОЛИ
Воените авиони на силите приврзани на генерал Калифа Хафтар во јужниот дел на Триполи бомбардираа болница. Во нападот животот го загубија 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за здравство при Министерството за здравство на Владата на национално единство на Либија соопшти дека воените авиони на силите приврзани на генерал Калифа Хафтар бомбардирале полска болница на југот од главниот град Триполи. Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле 5 лица.
Мустафа ел Меџи, портпарол на операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот), што ја води Владата на национално единство на Либија, изјави дека меѓу загинатите, тројца се доктори, додавајќи дека ова е трето бомбардирање на болницата.
Меџи посочи дека бомбардирањето на болницата е во знак на освета од страна на Хафтар и рече дека силите на Хафтар претрпеле големи загуби во Триполи.
Генералот Калифа Хафтар на 4 април издаде наредба за напад, со цел да ја преземе контролата врз Триполи, по што силите на Владата на национално единство ја започнаа операцијата наречена „Буркан ал Гадаб“.