Ekipa
28 Февруари 2016•Ажурирај: 29 Февруари 2016
МОСКВА (АА) - Во експлозија во рудникот за јаглен Севернаја, во градот Воркута каде што во четвртокот дошло до истекување на метан, се случиле три експлозии при што загинаа 36 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Сите 26 рудари кои се водеа за исчезнати, денеска се прогласени за мртви а спасувачката акција е прекината.
Во првата експлозија во четвртокот загинаа четири лица, а новата експлозија на метан се случи денес, при што загинаа шест, меѓу кои и пет спасувачи, а уште 26 рудари се прогласени за мртви.
Несреќата се случила на длабочина од околу 740 метри, а во тој момент во рудникот се наоѓале вкупно 110 лица, од кои 80 беа спасени.