Ali H. M.Abo Rezeg
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Активистите од израелското десничарско крило ја повикаа Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да изгради синагога во комплексот на џамијата „Ал Акса“, пишува во весникот „Ерусалим пост“ („The Jerusalem Post“), пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот вели дека активистите ја повикале Владата да ја отвори синагога за еврејските верници.
Ова е резултат од состанокот во неделата, на кој присуствувале голем број десничарски активисти, истакнува весникот, но без да ги даде имињата на присутните.
Тензиите во Ерусалим ескалираа уште минатиот месец кога израелската полиција накратко го затвори еден од влезовите на џамијата „Ал-Акса“, на источниот ѕид од стариот дел на Ерусалим, што предизвика протести на Палестинците.
Оттогаш, израелските власти им забранија на голем број Палестинци, вклучувајќи и религиозни службеници, да влезат во местото.
За муслиманите, „Ал Акса“ претставува трето најсвето место во светот, по Мека и Медина. Евреите, од своја страна, сметаат дека тоа е т.н Рид на храмот, односно местото каде што се наоѓале двата дамнешни еврејски храма.
Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа „Ал Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектираше целиот град во 1980 година, потег кој никогаш не беше признат од меѓународната заедница.