Mehmet Şah Yılmaz
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
СЕУЛ (АА) - Додека во голем број подрачја во Јужна Кореја, загаденоста на воздухот зафаќа опасни димензии, власта упати предупредување до граѓаните, при излегувањето на улица да користат маски, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Министерството за животна средина на Јужна Кореја се вели дека количеството штетни честички PM2.5 во воздухот, во главниот град Сеул изнесува 134 единици.
Нивото на PM2.5 честичките во Инчон изнесува 133 единици, во Кјонџи 127, додека во Чунгнам изнесува 108 единици.

Поради загаденоста на воздухот, која достигна опасни димензии во земјата, Општина Сеул донесе регулатива со која се ограничува користењето на сите регистрирани дизел возила со вкупна тежина од 2,5 тони и повеќе. Во рамките на донесените закони како превентивна мерка, секој кој ќе ги прекрши новововедените правила, ќе плати казна од 100.000 јужнокорејски вони (околу 78 евра).
Од друга страна, ќе бидат воведени голем број измени во работните часови на електричните централи на јаглен, фабриките за челик и голем број други бизниси и ќе бидат преземени мерки на „вонредна состојба“ на Чеџу, најголемиот остров во земјата.
Загаденоста на воздухот предизвикана од жолти честички на прашина, која трае веќе 4 дена и денеска го достигна највисокото ниво, ќе продолжи и утре.
Власта, почнувајќи од Сеул, во голем број градови во Јужна Кореја упати предупредување, луѓето при излегување на улица да користат маски.
Јужнокорејските органи, квалитетот на воздухот, во кој загаденоста е над 35 единици на PM2.5 честичките, го класификуваат како „лош“, а кога е над 75 единици, го оценуваат како „многу лош“.