05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
БЕРЛИН (АА) - Поранешниот министер за надворешни работи, Клаус Кинкел, кој ја извршуваше оваа функција од 1992 до 1998 година, а кој беше и шеф на Федералната агенција за разузнавање, почина на 82-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Слободната демократска партија, која Кинкел ја водеше од 1993 до 1995 година, денеска ја објави неговата смрт, без да даде дополнителни детали.
Кинкел беше шеф на Федералната разузнавачка служба (BND) од 1979 до 1982 година. Тој ја извршуваше и должноста министер за правда во Кабинетот на канцеларот Хелмут Кол, по повторното обединување на Германија.
Како министер за надворешни работи Кинкел се залагаше за процесуирање на воени злосторници од војните на подрачјето на поранешна Југославија, а на негов предлог основан е Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на подрачјето на поранешна Југославија.
Актуелниот министер за надворешни работи, Хеико Мас, на социјалната мрежа Твитер напиша дека Кинкел придонел многу за повторно обединетата Германија да го најде своето место во светот и да живее во мир и почит со своите соседи.