Tayfun Salcı
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Секоја година во просек околу 85.000 жени во Англија и Велс се изложени на силување, јавува Anadolu Agency (AA).
Невладината организација „Рејп кризис“ („Rape Crisis“) која се занимава со истражување и давање психолошка поддршка на жртвите на силување во Англија и Велс, подготви извештај во кој се наведува дека во периодот 2016-2017 биле пријавени 202.666 полови напади.
Организацијата им овозможила на жртвите на силување 450.000 средби со адвокати, консултативни услуги и емотивна поддршка.
Во овој период организацијата овозможила експертска поддршка за 67.059 лица.
Од возрасните што добиваат услуги од организацијата, 42 отсто се лица кои во своето детство биле жртва на сексуална злоупотреба.
Според извештајот, 93 отсто од жртвите на силување се жени.
Меѓу жртвите на силување, 2.651 лице се на возраст под 15 години. Статистички гледано во однос на претходниот период, силувањето на деца под 15 години е зголемено за 55 отсто, додека силувањето на лица под 25 години е зголемено за 36 отсто.
Во истиот извештај се наведува дека во Англија и во Велс, сексуалната злоупотреба на деца повеќе од еднаш е зголемена за 30 пати.
- Дваесет и пет отсто од жртвите се лица со посебни потреби -
Меѓу лицата што поднеле жалба до организацијата дека биле силувани, 20 отсто се припадници на црната раса или припадници на етничките малцинства. Меѓу жртвите на силување 25 отсто се лица со посебни потреби.
Според извештајот на организацијата, секоја година во Англија и Велс околу 85.000 жени и 12.000 мажи се силувани. Тоа значи дека во овие земји на секој час има 11 случаи на силување.
Организацијата истакнува дека секоја петта жена на возраст од 16 до 59 години, т.е. 20 отсто од жените на оваа возраст, се жртви на некаков вид сексуално насилство.
Во 90 отсто од случаите, жртвите на сексуалното насилство ги познаваат своите напаѓачи.
Организацијата предупредува дека на годишно ниво, бројот на жртви на сексуален напад може да достигне бројка од околу 500.000, додавајќи дека само 15 отсто од жртвите на сексуално насилство ги пријавуваат случаите во полиција.