Tayfun Salcı
24 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Премиерот на Англија, Дејвид Камерон, по одлуката на земјата да излезе од Европската унија, соопшти дека ќе поднесе оставка на партискиот конгрес кој ќе се одржи во октомври месец, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред премиерската канцеларија, Камерон зборуваше за резултатите од референдумот.
„Англискиот народ реши да излезе од ЕУ и потребно е да се почитува оваа одлука", рече премиерот.
Камерон потсети дека тој ја предводеше кампањата за останување во ЕУ. „Но англискиот народ реши да следи еден сосема друг пат. Земјата има потреба од нов лидер кој ќе ја води по тој пат", изјави Камерон.
Камерон истакна дека ќе направи се за да се обезбеди стабилноста на Англија во периодот кој доаѓа. „Но сметам дека не е во ред да останам како капетан кој земјата ќе ја води кон следните цели. Ова не е одлука која лесно ја донесов. Во овој период на стабилност, сметам дека е потребен нов лидер за иднината. Денеска не е потребно да се даде конкретен датум, но според мене, треба да се стремиме кон нов премиер, кој би бил предложен на Конгресот на Конзервативната партија кој ќе се одржи во октомври месец", истакна Камерон.
Велика Британија на вчерашниот референдум со 52 отсто гласаше за излез од ЕУ, додека 48 отсто од гласачите својот глас го дадоа за останување во ЕУ.