Gülşen Topçu
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
КАИРО (АА) - Најмалку 16 лица се удавија при обид за прво пролетно капење во реката Нил во Египет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Египќаните, уште од древните времиња, со низа манифестации го одбележуваат доаѓањето на пролетта, а една од најзастапените традиции е и раното пролетно капење во надојдената и ладна река Нил.
Локалните медиуми јавуваат дека во изминатите неколку дена во крајбрежните градови во Нил се удавиле најмалку 16 лица.
Меѓу настраданите има и малолетници, а надлежните египетски органи покренаа истрага за овие случаи.