Sayed Khodaberdi Sadat
23 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
КАБУЛ (АА) - Во акција на подрачјето на Нангархар, во источниот дел на Авганистан, убиени се тројца припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на гувернерот на Нангархар е соопштено дека припадниците на безбедносните сили спровеле акција на подрачјето на Салузеј. Потврдено е дека се убиени тројца припадници на ДЕАШ, и дека е ранет и еден цивил.
Како резултат на акцијата е и ослободувањето на 24 цивили, кои ДЕАШ ги држеше како заложници.