Büşra Nur Bilgiç
23 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
АНКАРА (АА) - Европската Унија (ЕУ) денеска изрази жалење за потегот на Соединетите Американски Држави (САД) да стави крај на олеснувањата за земјите иземени од санкциите кон Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, на прес-конференција изјави дека ЕУ ќе продолжи да го имплементира Договорот за нуклеарната програма.
Минатиот ноември, американскиот претседател Доналд Трамп повторно воспостави санкции кон Иран за извоз на нафта, откако Вашингтон се повлече од Договорот за нуклеарната програма со Иран потпишан во 2015 година, како и пет други земји.
Американските санкции се воведени на 7 август, а обновени на 5 ноември минатата година, а од обврската да се продолжат тие санкции на рок од 180 дена иземени се Кина, Турција, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Италија и Грција.