свет

ЕУ ги повикa социјалните медиуми да се борат повеќе против „лажните вести“

Европската Унија (ЕУ), од Твитер, Фејсбук и Гугл побара да вложат поголеми напори во борбата против лажните вести и дезинформациите

Ata Ufuk Şeker  | 23.04.2019 - Обновена : 24.04.2019
ЕУ ги повикa социјалните медиуми да се борат повеќе против „лажните вести“

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), од Твитер, Фејсбук и Гугл побара да се борат повеќе против лажните вести и дезинформациите, јавува Anadolu Agency (AA).

Комисијата на ЕУ го објави месечниот извештај во кој се оценува борбата на социјалните мрежи против лажните вести. 

Во извештајот се пофалени напорите на Твитер, Фејсбук и Гугл за зголемување на транспарентноста пред изборите во Европскиот парламент (ЕП). 

Во извештајот се истакнува дека особено означувањето на политичките реклами во социјалните платформи се позитивен чекор, и дека е потребна поголема борба против лажните вести и погрешното информирање. 

Обвиненијата против фирмата за анализа на податоци, „Кембриџ аналитика“, која наводно ги користела личните податоци собрани од милиони корисници на Фејсбук за да влијае на изборите, минатата година доведоа до криза. 

ЕУ со различните мерки насочени кон социјалните платформи, сака да спречи сличен проблем на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın