Состанок Путин - Ким Џонг Ун на 25 април во Владивосток
„Состанокот ќе се одржи во Владивосток, град во близина на руско-севернокорејската граница“, потврди Јури Ушаков, советник на рускиот претседател
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин на 25 април ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јавува Anadolu Agency (AA).
„Состанокот ќе се одржи во Владивосток, град во близина на руско-севернокорејската граница“, потврди Јури Ушаков, советник на рускиот претседател.
„Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој ќе ја посети нашата земја, и нашиот претседател, ќе се сретнат на 25 април во Владивосток“, соопшти Ушаков.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.