свет

Расте билансот на настрадани: Во судирите во Триполи загинаа 264 цивили

Портпаролот на УНХЦР, Бабар Балоч, потврди дека од 4 април тоа подрачје го напуштиле 32.000 цивили. Се смета дека поради судирите, во опасност се цивилите на јужниот дел на Триполи.

Bayram Altuğ  | 23.04.2019 - Обновена : 24.04.2019
Расте билансот на настрадани: Во судирите во Триполи загинаа 264 цивили

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (WHO) соопшти дека во вооружените судири во главниот град на Либија, Триполи, загинале најмалку 264 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот Тарик Јашаревиќ потврди во Женева дека бројот на мртвите е зголемен на 264, а дека се ранети 1.266 лица.

Меѓу загинатите се наоѓа и 21 цивил, а меѓу повредените 69. Јашаревиќ наведе дека и тие помагаат кога се во прашање ранетите во Триполи и околината.

Портпаролот на УНХЦР, Бабар Балоч, потврди дека од 4 април тоа подрачје го напуштиле 32.000 цивили. Се смета дека поради судирите, во опасност се цивилите на јужниот дел на Триполи.

Балоч ги повика сите страни да ги заштитат цивилите и да дозволат доставување на хуманитарна помош.

Генералот Халифа Хафтар, командант на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април ги започна операциите за преземање на Триполи, по што дојде до сериозни судири во Триполи и неговата околина меѓу неговите сили и Владата на национално единство на Либија.

Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении.

Оттогаш, силните политички поделби во земјата создадоа две ривалски места на моќ: едно во источниот град Бенгази, каде што се сконцентрирани силите на Хафтар, а другото во Триполи, поддржано од ОН.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın