Sayed Khodaiberdi Sadat
16 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
КАБУЛ
Тринаесет цивили се повредени по фрлањето рачна бомба на свадба во провинцијата Бадахшан, североисточно од Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Полицискиот оддел на Бадашан, Санаулах Рухани, во изјавата за медиумите рече дека неидентификувани лица фрлиле рачна бомба на свадбена церемонија во местото Баташ во Бадашхан.
Рухани истакна дека во нападот биле повредени 13 лица, а напаѓачите побегнале од областа.
Засега никој не ја презеде одговорност за нападот.