Cüneyt Karadağ
16 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
БЕРЛИН
Во затвор во близина на германскиот град Минстер убиен е осуденик кој за заложник зел еден од вработените, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германските медиуми објавија дека утрово во затворот во Минстер, 40-годишен осуденик, заканувајќи се со жилет, за заложник зел 29-годишно лице на должност во затворот, кое во затворот е на стручна обука.
Во соопштението издадено од страна на државната полиција се вели дека затвореникот е убиен во акцијата за спасување на заложникот, кој е спасен без повреди.
Државното Министерство за правда информира дека убиениот осуденик, поради пружање отпор при спроведувањето на законот, бил осуден на 4 месеци казна затвор и на 10 ноември требало да излезе на слобода.
Засега нема никакво објаснување зошто затвореникот кој имал уште четири недели до истекувањето на затворската казна, извршил вакво дејствие.