Dmitri Chirciu
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ЕРЕВАН (АА) - Ерменската Влада прогласи воена состојба и општа мобилизација поради ситуацијата во Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (AA).
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан на социјалните мрежи напиша дека Азербејџан започнал напади врз Ерменија од насока на Нагорно Карабах.
„Случувањата во моментот се случуваат брзо. По потреба ќе ја информираме јавноста за тоа“, рече Пашинјан.
Тој потврди дека Владата прогласила општа мобилизација и воена состојба во Ерменија.
Паралелно со тоа, Пашинјан свика седница на Советот за безбедност на Ерменија.
Министерство за надворешни работи на Ерменија, исто така, соопшти дека во Нагорно Карабах се водат судири и дека ерменските сили уништиле четири хеликоптери, 15 дронови и десет тенкови и оклопни возила на азербејџанската Армија.
Од Министерството ги повикаа Ерменците во Нагорно Карабах да се повлечат во засолништата поради судирите за кои за одговорен го сметаат Азербејџан.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, телефонски разговараше со неговиот ерменски колега Зохраб Мнацаканјан.
Од руското Министерство за надворешни работи се соопштува дека Лавров изразил загриженост за состојбата во Нагорно Карабах и порачал дека е неопходно што поскоро воспоставување примирје.
Се додава дека Русија и другите земји од Групата од Минск на ОБСЕ ќе продолжат да работат на вложување напори за воспоставување стабилност во регионот.