Ruslan Rehimov
28 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
БАКУ (АА) - Официјалниот претставник на Кабинетот на претседателот на Азербејџан, Хикмет Хаџијев, соопшти дека властите на земјата прогласиле воена состојба во 19 провинции и дистрикти, вклучувајќи го и главниот град Баку, јавува Агенција Анадолија (AA).
Хаџијев рече дека воената состојба во сила ќе стапи вечерва на полноќ и дека се однесува на провинциите Баку, Генџе, Сумкајит, Евлах, Мингеџевир и Нафталан и дистриктите Абшерон, Џебраил, Фузули, Бејлекан, Агдам, Тертер, Гојгол, Дашкесен, Гедебеј, Товуз, Шемкир, Казах и Агстафа.
За време на воената состојба во тие азербејџански региони во сила ќе биде полициски час од 21 до 6 часот наутро.
Утрово ерменските сили изведоа нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции.
За време на денешните судири, азербејџанските сили од ослободија неколку населени места и врвот на планинскиот ланец Моровдаг ерменска окупација.
Ерменските власти денеска, исто така, прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот Нагорно Карабах.
Од 1991 година, ерменската војска илегално го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и од седум други окупирани азербејџански региони.