Emre Aytekin
28 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.039 лица во Индија и на 335 во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде Министерството за здравство на Индија се наведува дека како последица на Ковид-19, во последните 24 часа во земјата починале 1.039 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 95.542.
Во последните 24 часа во Индија се детектирани 82.767 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број лица кај кои е детектиран коронавирусот се искачи на 6.073.348.
Во оваа земја досега оздравеа 5.016.520 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија, која е една од земјите во светот во кои се забележани најголеми бројки на заразени и смртни случаи на дневно ниво, според вкупниот број на заразени се наоѓа на второ место во светот, а е трета според вкупниот број на починати од последиците предизвикани од Ковид-19.
- Бразил -
Бразил е земја која се наоѓа на третото место во светот според вкупниот број на заразени со коронавирусот. Во последните 24 часа во оваа земја од последиците предизвикани од Ковид-19 починаа 335 лица.
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, вкупната бројка на смртни случаи во Бразил се искачи на 141.776, од кои 335 во последното деноноќие. Вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 4.732.309, од кои 14.318 во последните 24 часа.
Досега оздравеа 4.060.088 лица кај кои претходно бил детектиран коронавирусот.
Бразил со популација од 211 милиони жители важи за епицентар на пандемијата со коронавирусот во Јужна Америка.