Ahmet Gürhan Kartal
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
ЛОНДОН (АА) - Петмина лица се уапсени под сомнение дека се членови на забранетата неонацистичката група „Национална акција“, изјави британската полиција денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тројца мажи, една жена и 17-годишно момче се притворени по низа апсења низ земјата“, се вели во соопштението на „West Midlands Police“.
„Апсењата во Бирмингем, Халифакс и Нотингем се случија по претходно планираната разузнавачка операција насочена кон терористичката група“, се додава во соопштението.
Основано во 2013 година, движењето „Национална акција“ беше прогласено за терористичка организација во декември 2016 година.
Антисемитската и групата на белци расисти го величеше убиството на пратеничката од Лабуристичката партија, Џо Кокс, во јуни 2016 година, од страна на десничарскиот екстремист Томас Меир.
Групата се опишува себеси како „Национално-социјалистичка младинска организација“. Сепак, министерката за внатрешни работи, Амбер Руд, ја окарактеризира како „расистичка, антисемитска и хомофобична“.
„Таа (организација) нема апсолутно никакво место во една Британија која работи за сите“, додаде таа.