Ahmet Gürhan Kartal
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британските обвинители денес ги открија имињата на двајца руски државјани како осомничени за нападот со нервен агенс врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија Скрипал, кој се случи во текот на оваа година во Солсбери, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кралската обвинителска служба (CPS) се вели дека Александер Петров и Руслан Боширов се лицата осомничени за заговорот за убиство на Сергеј Скрипал и за обид за убиство на Јулија Скрипал и полицискиот службеник Ник Бејли.
„Одделот за борба против тероризмот на Кралската обвинителска служба ги разгледа доказите и заклучи дека постојат доволно докази за обезбедување реална можност за обвинение“, изјави во соопштение Сју Хеминг, директорката за правниот оддел на Кралската обвинителска служба.
Прекршоците направени од Петров и Руслан вклучуваат „употреба и поседување на нервниот агенс „Новичок“, кој е во спротивност со Законот за хемиско оружје“ и „предизвикување тешки телесни повреди на Јулија Скрипал и Ник Бејл“.
Сергеј Скрипал (66) и неговата ќерка беа веднаш пренесени во болница откако беа пронајдени во состојба на бессознание на 4 март во Солсбери.
Британската премиерка Тереза Меј веднаш по нападот изјави дека поранешниот руски шпион Скрипал (66) и неговата ќерка Јулија (33) биле отруени со воен нервен агенс кој го развила Русија.
Инцидентот беше спореден со смртта на поранешниот руски шпион на КГБ, Александар Литвиненко, кој почина како резултат на труење со радиоактивни супстанции во ноември 2006 година, по пиење чај контаминиран со полониум во еден хотел во Лондон. Поранешните телохранители на КГБ, идентитифувани како осомничени во случајот, негираа каква било вмешаност.
Сергеј Скрипал доби дозвола за престој во Велика Британија по размената на разузнавачи во 2010 година помеѓу САД и Русија. Пред размената, тој отслужи 13-годишна затворска казна за протекување информации до британската Разузнавачка служба.
Русија го пропушти крајниот рок од Лондон за објаснување за тоа каков тип на воен нервен агенс бил користен во нападот.
Протерувањето на 121 руски дипломат низ светот, следуваше по протерувањето на 23 руски дипломати од Велика Британија.
НАТО и ЕУ ја поддржаа Велика Британија и го осудија нападот.